Највисоката плата во НБА во претстојната сезона е проектирана на нешто повеќе од 109 милиони долари, соопшти новинарот и добар познавач на состојбите во најсилната светска кошаркарска лига, Кевин О’Конор.

Во овој случај, данок на ликсуз ќе мора да платат оние клубови чија плата до крајот на сезоната 2019/20 ќе биде над 132 милиони долари.

Во исто време, се очекува дека во сезоната 2020/21 плафонот на платата ќе достигне 118 милиони долари, а клубови со платен список од повеќе од 143 милиони долари ќе мора да платат данок на луксуз.

Во сезоната што заврши плафонот на платата изнесуваше 101,8 милиони долари, додека прагот за данок на луксуз беше 123 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2019 15:22