„Девојчето со жиците“ на Марјан Неќак, композитор и режисер од Битола, е прогласена за најдобра претстава на меѓународниот фестивал „Виминациум фест – стари и нови митови“ кој синоќа заврши на археолошкиот локалитет Виминациум во Србија.

Наградата едногласно ја додели стручно жири, според кои претставата е најдобра на годинашниот фестивал, а авторот Неќак презентирал софистицирани уметнички средства и силна музичко-драмска композиција за потресна, но истовремено и нежна претстава.

„Девојчето со жиците“ е современа драмска опера, копродукциски проект на Подвижен музички театар (Moving Music Theatre) од Битола и Словенско народно гледалишче од Љубљана. Во претставата настапија словенечките актери Барбара Церар и Урош Фурст.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2019 16:44