Во рамки на „Скопско лето“ и во соработка со Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), вечер во „Галерија 8“ од 21 часот ќе биде отворена изложбата „Деконструкција на пејзажот“ на Марјана Костојчиноска-Узунчева.
Со оваа изложба ДЛУМ повторно ја отвора Галерија 8, Безистен во Старата скопска чаршија во која еднаш месечно негови членови – уметници ќе имаат можност да се претстават пред јавноста.