Њујорк не успеа да земе ѕвезда, но додаде вкупно три крила кон својот состав.

Станува збор за Џулиус Рандал, Таж Гибсон и Боби Портис.

Рандал потпиша за вкупно 63 милиони долари за три години, Гибсон ќе остане две сезони за вкупно 20 милиони долари, а Портис ќе добие 31 милион долари во текот на две сезони.

Очекувањата беа Никс да се насочи кон големо име на пазарот, а Кевин Дурант и Каири Ирвинг беа двајцата кошаркари, кои се поврзуваа за трансфер во „Медисон Сквер Гарден“.

На крајот, и двајцата се разбраа со Бруклин Нетс.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2019 18:33