Во организација на Гете-институтот, вечер од 19.30 часот во Филхармонијата концерт ќе одржи германскиот гудачки квартет „Мингет квартет“ (Minguet Quartett), на кој ќе бидат изведени дела од Клара и Роберт Шуман и од Јоханес Брамс.

– Сите љубители на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во неповторливата изведба на најреномираниот германски гудачки квартет, соопшти организаторот.

Основан во 1988 година, квартетот ја црпи инспирацијата од класично-романтичната музика, но инспирација му се и современите музичари и нивното творештво што го поттикнува да создава нова фузија од музички тонови. Влезот за концертот е слободен.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2019 16:30