Деновиве од печат излегоа две нови книги од драмскиот писател, поет, прозаист, драматург, публицист и литературен критичар Зоран Пејковски.

Станува збор за поема објавена преку Македонско научно друштво-Битола со наслов „Од предците за потомците или збратимени во името на своите предци“, и за учебник за студентите по драматургија „Драмата во стих во македонскиот театар“, во издание на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА.

Битолчанецот Зоран Пејковски, познат продуктивен автор чии дела се преведувани и во странство, неодамна објави аудиокнига со наслов „Здивот на смртта“ во која стиховите ги говори актерот Борис Чоревски од Народниот театар-Битола. За оваа книга минатата година ја доби наградата „Орфеј“ од издавачката куќа „Феникс“-Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2019 11:50