Списанието за книжевност и култура АКТ во своето 65. издание донесува содржини посветени на јубилејот на истакнатиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски, по повод 60 години од животот и 40 години од излегувањето на неговата прва книга „Гравири“.

За творештвото на Димоски пишуваат Венко Андоновски и Димитар Пандев.

Со нова поезија е застапена Горадана Михаилова-Бошнакоска, а во рубриката проза се објавени Венко Андоновски и Николина Андонова-Шопова. Критичко-есеистички текстови во новиот број на АКТ објавуваат Витомир Митевски, Маја Апостоловска и Славица Гаџова Свидерска. Со драмски текст се преставува францускиот рамансиер и драматург Флоријан Зелер.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2019 14:14