Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ организира мини саем на книгата, овој пат со издавачката куќа „Антолог“. На саемот, покрај најновите изданија, ќе бидат застапени и книгите на еден од најчитаните автори во последните месеци во кумановската библиотека Фредрик Бакман.
– Граѓаните имаат можност да се снабдат со најнови изданија и најбарани наслови со специјални намалувања и саемски попуст. Ова е убава можност за љубителите на книгата да се снабдат со книги, да ја збогатат домашната библиотека по промотивни саемски цени, изјави Ана Антевска од кумановската библиотека.
Кумановци во текот на годишните одмори бараат белетристика, љубовни, историски романи, трилер, класици.
И во наредниот период библиотеката ќе организира саеми на книга со различни издавачки куќи. Во текот на летото, надлежните од библиотеката планираат да организираат и други манифестации, со цел популаризација на книгата помеѓу читаталската публика во Куманово, меѓу нив промоции на книги од домашни автори, литературни читања и трибини, часови со писатели.
Читателите од Куманово ќе имаат можност секој ден да се снабдат со книги во периодот од 10 до 19 часот.