Еден од најдобрите кошаркари во НБА Стеф Кари летал 15 часа од Шангај до Њујорк за да го убеди Кевин Дурант да остане во тимот.

Извонредниот шутер, уште во авионот пред слетувањето дознал дека Дурант веќе склучил договор со Бруклин, па залудни беа неговите напори да го премисли досегашниот клупски колега.

За потсетување, Дурант потпиша договор со важност од четири години за 164 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2019 18:17