Раководството на Кошаркарската федерација на Македонија денеска одржаа состанокот со претставниците на прволигашите и со претставници од Асоцијацијата на играчи.

Претседателот на Федерацијата Перо Антиќ, спортскиот директор Тодор Гечевски и потпретседателот Бали Саити, на средбата со претставниците на Здружението на прволигаши примија барање за промена на член од Регистрацискиот правилник кој го дефинира бројот на странци, односно задолжителниот број на Македонци на терен во игра во секое време.

Заинтересираните страни ги искажаа своите ставови во врска со темата на состанокот, а потоа ги дадоа и своите предлози до раководството на КФСМ за промена на членот од Регистрацискиот правилник.

За следната седмица повторно е закажана средба на која ќе се разговара дополнително на темата и ќе се разгледуваат предлозите на засегнатите страни.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2019 11:22