Штип по трет пат годинава ќе биде домаќин на камерни хорови и пејачки групи во рамки на Интернационалниот фестивал „Астибо фест“, што вечерва ќе се одржи во Домот на млади-Штип.
Уметничкиот директор на фестивалот „Астибо фест“, Ивана Ѓурѓевиќ-Јанков на прес-конференција информира дека и оваа година фестивалот се одржува во рамки на манифестацијата „Штипско културно лето“ (ШКЛ).
– Како уметнички директор на Астибо-фест, можам да кажам дека годинава,гости на фестивалот е хорот Распеани паланчани од Крива Паланка, женскиот камерен хор од Ќустендил, република Бугарија, секако и ние како домаќини Градскиот хор Штип. На репетоарот на нашиот хор ќе бидат застапени изворни македонски народни песни, но и популарни забавни македонски композиции. За репетоарот на гостите, засега нека остане мало изненадување за посетителите, вели Ѓурѓевиќ-Јанков.
Фестивалот под мотото „Да го вратиме културниот сјај на Штип“ ќе се одржи во просториите на Дом на млади, со почеток во 20:30 часот.