Во куќата на Уранија синоќа беше отворена изложба со избор од стари фотографии на германскиот автор Курт Хејлишер во рамките на Охридската научна и уметничка визита.
Според академик Катица Ќулафкова, се работи за едно специфично патешествие од времето на минатиот век, односно од 10 -тите, 20 – тите и 30 – тите години, во тогашното кралство на Србите, Хрватите и Словенците.
-Хејлишер бил во посета на подрачја од Босна до Македонија. Направил 1.200 фотографи од кои избрал 191 и објаснил дека сака да го покаже атрактивниот различен карактер на земјите, архитектурата и начинот на живот на тогашните Југословени. Направил посебен албум за фотографиите од Македонија, кои, покрај документарна имаат и уметничка вредност, бидејќи до израз доаѓаат самите изрази на лицата, но и на носиите и амбиентот, истакна Ќулафкова.
Германскиот фотограф е автор на неколку значајни и успешни книги со земјописи, архитектура и фотографии за Италија, Шпанија, Германија.
Поради својата работа бил поканет во Белград од тогашната власт на кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Поради својата работа бил поканет во Белград од тогашната власт на кралството на Србите, Хрватите и Словенците.