Три уметничките резиденции за млади автори за современ танц ќе се реалзираат во текот на месеците јуни и јули Бугарија и Унгарија, во организација на Искра Шукарова – кореограф и професор на ФМУ.
Учесници на уметничките резиденции за современ танц се Христина Ангеловска, Теодора Ежовска и Марија Ристеска.
Резиденциите се од исклучително значење за развојот и едукацијата на младите кадри за современ танц во нашата земја, и се од особена важност во доменот на интернационалната соработка на ФМУ – Скопје и проектот Nomad to Nomad кој го иницираше Шукарова во 2018 година.