Проекција на унгарскиот филм „Лиза-лисицата самовила“ (LIZA, a rókatündér) (2015), вечер ќе се одржи на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

Романтичната комедија е во режија на Карој Уј Месарош и улогите ги толкуваат Моника Балшаи, Саболч Беде Фазекаш, Давид Сакураи.

Филмот е награден со две награди на Филмскиот фестивал за фантазија во Брисел, најдобар филм и специјални ефекти на Фантаспорто, пет награди на Унгарската филмска недела.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2019 10:27