Дванаесет културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од земјава, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и од Колумбија ќе учествуваат на тридневниот Меѓународен фолклорен фестивал.

Од 16 до 18 јули тој ќе се одржува на градскиот плоштад во Куманово, а доколку временските услови бидат неповолни, ќе биде преместен во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Ќе има околу 250 учесници кои ќе дефилираат по градските улици пред почетокот на фестивалот, а еден час во рамки на тридневниот фестивал ќе настапи и националниот ансамбл „Танец“.

Организатори на фестивалот се КУД „Панче Пешев“ и Фондацијата за култура и спорт, со поддршка на градоначалникот и Советот на Општина Куманово. Тие очекуваат фестивалот да ги задоволи вкусовите на љубителите на фолклорот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2019 16:46