Како дел од манифестацијата „Лето на тетовската култура“, Француската алијанса во соработка со локалната самоуправа организира француска вечерна програма. Настаните ќе се одржуваат во просторот зад Центарот за култура на улицата „Јане Сандански“ со почеток од 19 часот.

– Ги покануваме граѓаните да погледнат француски филм, да пробаат од гастрономското бифе, ќе има концерт со повеќе песни кои ќе се изведуваат на француски јазик со групата „Бона Деа“, ди-џеи, а ќе има и забавни активности за децата, најавија од Француската алијанса.

Настанот е отворен и бесплатен за сите заинтересирани.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2019 12:17