Во предворјето на црквата „Света Софија“ вечер концерт ќе одржи симфонискиот оркестар на Бријанск во рамките на 59. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Симфонискиот оркестар на Бријанск е основан во 2011 година од Едуард Амбарцумјан, кој е уметнички директор и диригент на ансамблот.

Од првите денови на постоењето овој оркестар започнал интензивна концертна активност исполнувајќи популарни, но и сложени дела од музичката литература. Настапувал на значајни фестивалски празнувања во Бријанск и во Москва, официјален оркестар на меѓународниот натпревар за пијанисти „Т. П. Николаева“, гостувал во Франција на фестивалот во Савој, во Полска…

Оркестарот настапува со значајни диригенти и солисти меѓу кои пијанистите: Николај Петров, Николај Гиндин, Валентина Игошина, Иван Рудин, Андреј Гугнин, Арсениј Тарасевич-Николаев, виолинистите: Данил Коган, Надежда Токарева, Гајк Казазјан, како и со диригентите: Џонатан Брет (В. Британија), Карло Голдстаин (Италија), Константин Бараков и други



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2019 10:51