Американскиот претседател Доналд Трамп критикуваше група демократски претставнички во Конгресот, нарекувајќи ги предизвикувачки на нереди родени во странство и им порача дека би требало да се вратат во опустошените и осиромашени места од кои дошле.
Коментарите на Трамп на Твитер остро ги осудија претставничките на демократите и на момент заборавија на внатрешните поделби кои подолго време владеат меѓу нив, јавија американските медиуми.
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси изјави дека претседателот сака „Америка повторно да ја направи бела“, додека претставничката на демократите од Њујорк Александриа Окасио-Кортес, која веќе неколку дена е во судир со Пелоси, прокоментира дека Трамп „не може да замисли Америка која ги вклучува и нив“.
Некои агенции коментираат дека Трамп „речиси сигурно“, кога критикувал, мислел на Окасио-Кортес и нејзините сојузнички – Илхан Омар од Минесота, Ајана Презли од Масачусетс и Рашида Тлаиб од Мичиген.