Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска и утре ќе претстојува во официјална посета на Македонија.
Како што соопшти турското МНР, Чавушоглу во Скопје ќе има средба со својот домаќин, шефот на дипломатијата на Македонија Никола Димитров, како и со други официјални претставници.
На средбите ќе се разговара за билатералните односи, за можностите за зајакнување на соработката меѓу двете земји, како и за регионални прашања.
Посетата на Чавушоглу следува по минатонделната ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО во турското Собрание, со што Турција стана 20-та земја која даде зелено светло за приклучување на земјава во Алијансата.