Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот конгрес Ненси Пелоси доби неочекувана поддршка од претседателот Доналд Трамп во својата борба со новите демократи.
Републиканецот Трамп ја бранеше Пелоси и рече дека Александра Окасио Кортез од Њујорк треба да се однесува кон неа со „почит“.
Трамп исто така рече дека Пелоси „не е расист“.
Окасио Кортез ја обвини Пелоси дека ја издвојува нејзе и новите демократи, сите жени со боена кожа и ги критикува.
Тензиите меѓу Пелоси и некои помлади, напредни демократи во Претставничкиот дом неодамна беа јавно обелоденети.