Кинеската Влада и компаниите нема да соработуваат со американските компании ангажирани со продажба на оружје на Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг на редовен брифинг во Пекинг.
Кина претходно соопшти дека планира да воведе санкции за американските компании откако Стејт департментот минатата недела одобри продажба на оружје на Тајван, вклучувајќи и тенкови и ракети.