Шпанскиот премиер со технички мандат и лидер на социјалистите Педро Санчез смета дека пропаднале преговорите за формирање влада со поддршка на левичарската партија Подемос („Ние можеме“).

Повеќе од два месеци по изборите, Санчез нема обезбедено парламентарно мнозинство, ниту обезбеди гласови од партијата Подемос, чиј лидер Пабло Иглесиас сака да биде во владата.

Санчез следниот вторник во Парламентот се соочува со гласање за доверба. Ако не добие апсолутно мнозинство, ќе биде соочен со второ гласање два дена подоцна, кога ќе му биде потребно просто мнозинство.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2019 17:00