Новата ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, нема да игра за САД на Светското првенство во кошарка во Кина, закажано кон крајот на летото.

Според „Јаху Спорт“, тешкото крило ќе се концентрира целосно на претстојната сезона со тимот од Калифорнија, но во исто време планира да се врати во националниот тим за олимпискиот кошаркарски турнир во Токио следната година.

Дваесет и шест-годишниот кошаркар има два златни медали со својата татковина – од Олимписките игри во Лондон во 2012 година и од Светското првенство во 2014 година во Шпанија.

Дејвис пристигна во Лос Анџелес претходно во текот на летото, а за возврат, Њу Орлеанс ги доби Лонзо Бол, Брендан Инграм, Џо Харт и три избори во првиот круг од Драфтот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2019 18:04