Европскиот Систем за сателитска навигација „Галилео“ претрпе дефект. Мрежата не работи од петокот поради оштетување на земната инфраструктура, но службите за итни случаи не се засегнати.
Привремено ќе бидат недостапни услугите за позиционирање и мерење на времето. Се работи на отстранување на проблемот, соопшти Европската вселенска агенција.
„Галилео“, којшто чинеше околу 10 милијарди евра, првпат беше ставен во функција во 2016 година, со седиште во Прага, како сателитски навигациски систем на Европската Унија