Романската премиерка Виорика Данчила ги смени министерот за надворешни работи Теодор Мелешкану и министерот за внатрешни работи Кармен Дан.

Двајцата сменети функционери имале „лош имиџ“ во очите на граѓаните, смета Данчила.

Кармен Дан, како и премиерката доаѓаат од Социјалдемократската партија, а Мелешкану од „Алијансата на либералите и демократите“. Дипломатијата отсега ќе треба да ја предводи претсвничката на либералите Рамона Манеску, додека романското МВР од сенаторот социјалдемократ Николае Мога.

Премиерката не посочи конкретни обвиненија на адресата на Мелешкану и Дан. Медиумите меѓутоа тврдат дека причина за смената лежи во лошата координација на процедурите за европските избори за Романците кои живеат во странство. За организирањето на изборниот процес беа одговорни токму овие двајца министри. На 26 мај, за време на изборите, пред романските дипломатски мисии се создадоа огромни редици. Тоа предизвика инциденти. Многумина не успеаја да го искористат своето право на глас. Освен тоа, Кармен Дан не е популарен и заради употребата на солзавец врз антивладините демонстрации што се одрржаа на 10 август 2018 година.

Со овие две смени Данчила сака да ја подобри репутацијата на социјалдемократите пред претстојните претседателски избори, закажани за 10 ноември



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 03:20