Комесарот за пристапни преговори Јоханес Хан и честита на Урсула фон дер Лејен за изборот за нова претседателка на Европската комисија, изразувајќи и задоволство поради фактот што таа ја потврди европската перспектива на Западен Балкан.

Јоханес Хан оцени дека нејзината агенда за Европа е амбициозна и оти ги опфаќа сите клучни приоритети неопходни за јакнење и единство на ЕУ.

– Особено сум задоволен поради нејзиното инсистирање на ЕУ како посилен глобален играч вклучувајќи ја и потврдата за европската перспектива за Западен Балкан, напиша Хан на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 03:51