Премиерот на Финска, Анти Рине, денеска пред Европскиот Парламент во Стразбур ги претстави приоритетите на финското шестмесечно претседателство со Европската Унија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во својот говор, финскиот премиер истакна дека заедничките вредности и владеењето на правото, конкурентноста и социјалната вклученост и сеопфатната безбедност ќе бидат во фокусот на нивното претседателство со Советот на ЕУ во текот на следните шест месеци.

Тој истакна дека слоганот “Одржлива Европа – одржлива иднина” ја доловува целта на претседателството за да придонесе за „социјално, економски и еколошки одржлива“ иднина за ЕУ.

Потпретседателот на Комисијата, Јирки Катаинен, рече дека Комисијата е во целосна хармонија со приоритетите на финското претседателство. Катаинен посебно ги спомна амбициозните климатски цели и додаде.

Пратениците, исто така, ги поздравија приоритетите на финското претседателство, особено нивната намера да ја зајакнат позицијата на ЕУ како глобален лидер во климатските активности и амбицијата за зајакнување на владеењето на правото. Тие, исто така, го повикаа претседателството да даде приоритет за изнаоѓање избалансирано решение за долгорочниот буџет на ЕУ. Миграцијата, заедничката земјоделска политика и прашањата за транспарентност беа исто така споменати како теми каде што е потребна заедничка работа, сметаат европратениците.

Премиерот Анти Рине, во својот воведен и завршен говор, воопшто не го спомена проширувањето на Европската Унија меѓу приоритетите на неговата земја. На оваа тема во финската програма за шестмесечното претседавае, долга 18 страници, има само еден мал пасус во кој стои:

„Политиката на проширување на ЕУ игра централна улога во промовирањето на мирот, стабилност и развојот во Европа. За да се напредува на патот за членство во ЕУ, земјите-партнери мора да се посветат на почитување заедничките вредности на ЕУ. Регионот на Западен Балкан претставува стратешко значење за ЕУ. Затоа Финска ќе продолжи со напорите за веродостојни изгледи за проширување за овие земји. Како земја-кандидат, Турција е суштински партнер на ЕУ во различни области.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 16:34