Јавниот ред и мир по полноќ го нарушиле двајца дебарчани, против кои, по целосно документирање на настанот, полициската станица од општа надлежност ќе поднесе соодветна пријава.

-Денеска во 1:20 часот, на улицата „ Братство единство“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир, со физички напад извршен од А.К. врз А.М.(26), двајцата од Дебар, потврди Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Претходно полициската станица од општа надлежност во Дебар, соопшти дека лицето Ш.Ч. од гостиварското село Врапчиште и Л.Б. од Дебар на улица „8 Септември“ го нарушиле јавниот ред и мир.

Јавниот ред и мир беше нарушен и во Центар Жупа. Според полициската канцеларија во Центар Жупа, А.Ј.(21) од селото Праленик, пријавил дека бил физички нападнат од Е.Е. од истото село.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2019 16:42