Унгарија не треба да дозволи безбедносните интереси да и бидат поважни од човековите права, изјави специјалниот известувач на ОН за правата на мигрантите, Фелипе Гонсалес Моралес.

Тој истакна дека семејствата со деца, кои чекаат одлука за барањето за азил, унгарските власти треба да ги преместат од оградените простори во пограничните транзитни зони во отворени прифатни центри.

На крајот од посетата на Унгарија, Моралес изрази загриженост поради рестриктивните процедури за добивање азил во таа земја и ја повика Владата на премиерот Виктор Орбан да стави крај на мигрантската „кризна ситуација“ која е прогласена во 2016 година, бидејќи оттгогаш приливот на мигранти е значително намален.

Официјалниот претставник на унгарското Министерство за надворешни работи Тамаш Менцер нагласи дека миграцијата „не е завршено прашање“ и останува безбедносен ризик, поради што Унгарија ќе ги зачува граничните огради.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2019 09:57