Најмалку едно лице загина, а 37 се повредени во пожар што избувна во студио за анимација во западниот јапонски град Кјото, објавија новинските агенции, повикувајќи се на пожарникари и локални медиуми.

Десетмина од повредените се во тешка состојба.

Според првичните информации, станува збор за подметнат пожар од страна на едно лице кое истурило запаллива течност. Подметнувачот е уапсен.

Пожарот избувна околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2019 09:59