Пред четири века во Амстердам била основана првата мултинационална компанија во светот. Холандската источно индиска компанија била создадена за да се обезбеди доминација во трговијата со азиски зачини.
Формирањето на компанијата била од клучно значење во серијата иновативни чекори кои ја направија Холандија како голем финансиски играч во Европа.
Холанѓаните се надевале дека златниот период ќе трае засекогаш, но тој траеше само во текот на 17-тиот век. Државите со поголемите популации, особено Велика Британија се модернизираа и излегоа со сопствени иновации пазарот на капитал.
Може ли нешто слично да се случи во Лондон поради Брегзит и поради политичките превирања и непредвидливоста?
Постојат стравувања дека тоа може да се случи. Неделава британскиот магазин Економист предупреди за ризиците за Лондон, тврдејќи дека ова може да значи крај на статусот „главен град на капиталот“.
Банките со седиште во Лондон ги обновија подготовките за т.н. неодговорен Брегзит во кој Велика Британија ќе се откаже од членство во Европската унија без никаков договор за повлекување и без договори за трговија.
Со погодната временска зона, поволната банкарска регулатива и дерегулирање на берзата која ги воведе Маргарет Тачер во 1986-та година Лондон напредуваше брзо. Во изминативе 25 години градот стана најголем извозник на финансиски услуги во светот.
Финансискиот сектор во државата допринесува со два милиони работни места во Британија.
Но можното заминување без договор на Велика Британија од ЕУ може да доведе до прекин на финансиските врски со Европа. Од таму многумина аналитичарите се прашуваат дали Лондон ќе остане „главен град на капиталот“.
Банкарите веќе се подготвуваат ако Лондон не го положи тестот. Речиси 300 големи финансиски фирми веќе префрлија некои од вработените и трговските активности во другите земји-членки на ЕУ. За таа цел финансиските фирми со седиште во Велика Британија подготвиле буџет од 5,2 милијарди долари за трошоци за релокација и правни совети.
Банката на Америка потроши повеќе од 400 милиони долари за преместување на некои вработени и операции во Даблин и Париз. Други банки ги користат нивните постоечки ентитети на ЕУ за да ги прошират операциите
Британската премиерка во заминување Тереза Меј се надеваше дека и при најлошо сценарио ќе се употреби т.н. транзиционен аранжман која е заснован на „регулаторна еквивалентност“, при што Европската комисија може да го оцени регулаторен режим на државата како соодветен со европскиот и да дозволи пристап до пазарите на ЕУ.
Засега конзервативните кандидат кои може да ја наследат Меј, Борис Џонсон и сегашниот министер за надворешни работи, Џереми Хант не беа експлицитни за тоа како гледаат на финансискиот сектор по Брегзит.
Дури и ако тие можат да постигнат привремен договор за финансиски услуги врз основа на еквивалентност, таа има „две клучни слабости“ вели професорот Џон Салтер.
„Пристапот на пазарот за тргување би бил ограничен на одредени услуги и одредени типови на клиенти, и второ Европската комисија може да ја повлече својата одлука за еквивалентност за само 30 дена“ забележува Салтер.
Засега не јасно дали ЕУ има голем интерес да прифати договор за еквивалентност. Но јасно е дека Амстердам, Франкфурт, Париз, Милан, Мадрид и Даблин се загрижени колку ќе можат да заграба лондонските финансиски услуги.
16 јули 2019 Глас на Америка