Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер, денеска изјави дека Вашингтон е подготвен да се вклучи во дијалогот меѓу Белград и Приштина, но тоа нема да се случи се додека двете земји не се вратат на преговарачката маса, пренесе „Радио и телевизија Косово“ .
Рикер за ВОА кажа дека пред извесно време со државниот секретар Мајк Помпео разговарал за евентуалното засилување на улогата на САД во процесот.
-Ние имаме тесна соработка со европските партнери. Учествувавме во претходната фаза од дијалогот, кога го постигнавме Бриселскиот договор, за кој верувам дека направи голема разлика за нормалното одвивање на животот, оддржувањето на мирот и намалувањето на тензиите во регионот во последните пет години, изјави Рикер.
Рикер верува дека и двете земји имаат желба да најдат решение и на тој начин да придонесат кон стабилноста и напредокот на Западен Балкан.
Како успешен модел за надминување на проблемите во регионот, „што не се решени со векови“, Рикер го спомена Преспанскиот договор меѓу Грција и Македонија.