Во заедничка полициска акција, во која учествуваа вкупно 12 европски земји, како и Интерпол и Европол, се уапсени 26 шверцери и 2.760 илегални мигранти, соопшти Криминалистичката служба на Австрија.

Во Австрија, пак, во акција под раководство на Фронтекс, се уапсени 12 лица за шверц на луѓе и 95 мигранти кои ги користеле услугите на шверцерите.

Спречен е влез на 1.714 мигранти на подрачјето на европските држави, а откриени се и 92 фалсификувани патни исправи.

– Притисокот преку балканската рута е многу голем. Шверцерите во тоа гледаат голема работа и повторно многу луѓе кријат во автомобили, камиони и возови, рече Џералд Тагерн, шеф на Центарот за борба протившверц и трговија со луѓе.

Во австриската покраина Штаерска во еден патнички автомобил со лажни австриски регистарски таблички се откриени 14 мигранти.

Шверцерите претежно се од Балканот, од Србија или Босна и Херцеговина, наведуваат австриските власти и додаваат дека се повеќе илегалците ги префрлаат и Авганистанци и Ирачани.

Најголем број од илегалните мигранти се со потекло од Авганистан, Бангладеш, Иран, Индија и Турција.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2019 11:30