Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е подготвена да ги извршува своите должности по „епизодите“ со тресење, и оти се надева дека ќе ужива во животот откако ќе го отслужи својот четврти и последен мандат на чело на Владата до 2021 година.

– Можам да ја извршувам оваа должност, имам силен личен интерес да го зачувам здравјето, и како што е реков и претходно, 2021 е заклучок на мојата политичка работа, изјави таа на прес конференција.

– Меѓутоа се надевам, дека после (политиката) ќе биде друг живот, додаде таа со насмевка.

На прашањето како се чувствува, Меркел одговори „добро“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2019 14:39