Твитовите со ксенофобски пораки на американскиот претседател Доналд Трамп „ им противоречат на тоа што Америка ја прави голема“, изјави денеска германскиот канцелар Ангела Меркел, изразувајќи солидарност со четирите конгресменки од Демократската партија, кои ги претставуваат малцинствата, а беа нападнати од американскиот лидер.
-Цврсто се дистанцирам од (нападите) и упатувам солидарност кон нападнатите жени, рече таа, додавајќи дека, според неа, „силата на Америка е во тоа што луѓе од различно потекло придонесоа за тоа земјата да биде голема“.