Британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, денеска се закани дека е подготвен да гласа и да го собори Борис Џонсон за да го спречи излегувањето на земјата од ЕУ без договор, пишува британскиот весник „Ивнинг Стандард“ (Evening Standard).

-Ќе направам се што можам од својата позиција за да бидам сигурен дека Парламентот нема да го блокира Брегзит без договор, категоричен е министерот.

Запрашан за тоа дали е подготвен да гласа за недоверба против евентуалниот нов премиер, Хамонд изјави дека „во моментов не исклучувам ништо“.

Како своевиден лидер на оној дел од Конзервативната партија што се спротивставува на излегувањето од ЕУ без договор, Хамонд уште кажа и дека е „апсолутно неопходно“ Брегзит да се одложи и по 31 октомври.

Според него, парламентот ќе „инсистира да се постигне ново одлагање“ доколку владата не успее да постигне договор со ЕУ.

„Нужен е нов и искрен обид за постигнување согласност, а во тој дел влегуваат втор референдум и општи избори, доколку тоа се покаже за неопходно“, изјави Хамонд.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2019 22:40