Портпаролката на шпанската Влада во техничкиот период, Изабел Калеа, денеска изјави дека актуелниот премиер Педро Санчез е расположен да влезе во коалиција со крајно левичарската партија „Обединети ние можеме“ се додека нејзиниот лидер Пабло Иглесиас не е во неа.
Калеа изјави дека „понудата за коалициска влада е на маса“ за „Обединети ние можеме“ да ја разгледаат пред гласањето за доверба, закажано за следната недела, пренесоа американските медиуми.
За застојот во преговорите меѓу Социјалистичката партија и „Обединети ние можеме“ таа го обвини Иглесиас кој сака да биде дел од владата.
На Санчез му е потребна поддршката на „Обединети ние можеме“ и на други партии за да може да формира нова влада.
Санчез следниот вторник во Парламентот се соочува со гласање доверба.
Доколку не го добие апсолутното мнозинство тој ќе биде соочен со второ гласање, два дена подоцна, кога ќе му биде потребно само обично мнозинство.