„Преобоени фотографии“ е насловена изложбата која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Музеј на Република Македонија. Ќе бидат претставени десет слики на кои е прикажан секојдневниот селски живот во минатиот век, изработени во комбинација од акрил, сува пастел, маркери и туш.

– Целта на оваа серија слики е да им даде нова димензија на старите црно-бели фотографии кои се наоѓаат во колекцијата на нашиот Музеј, но и да ги потсети посетителите на длабокото народно богатство на селскиот живот во Македонија кое е зачувано преку фотографиите на Благоја Дрнков, соопшти организаторот.

Автор на изложбата е етнологот Владимир Благојевиќ, водич-едукатор кој покрај работата во едукативниот центар во етнолошкиот дел на Музејот има бројни самостојни претставувања и учества на групни изложби, а исто така е и автор на стрипови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/07/2019 08:15