Кадетските репрезентативци на Северна Македонија, предводени од селекторот Денис Дервишевиќ, запишаа две победи на турнирот кој викендот што изминува се одигра во Скопје.

Нашите репрезентативци до 16 години кои се подготвуваат за континенталниот собир во Италија ги нагостија селекциите на Чешка, Полска и на Израел, и ги одиграа последните пријателски натпревари во пресрет на Европското првенство.

На првиот настап на турнирот во петок против репрезентацијата на Израел, нашите кадети претрпеа минимален пораз со резултат 65-66. И покрај лошиот старт, нашите кошаркари следните два дена, во сабота и недела, забележаа две победи, и тоа против Полска со резултат 71:68, и против Чешка 68-61.

Кадетите денеска имаа ден за одмор, а веднаш потоа заминуваат за Маврово на финално темпирање на формата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2019 18:42