Судиската комисија на Кошаркарската федерација на Македонија, во рамки на редовните годишни активности, ќе организира претсезонски семинар за сите кошаркарски судии.
Освен кошаркарските судии, со семинарот ќе бидат опфатени и помошните судии, делегати и делегати – контролори.
Во соопштението на КФСМ се вели дека покрај предавањата и толкувањата на правилата на кошаркарската игра и презентацијата на пропозициите за натпреварување, за судиите ќе биде спроведен тест за проверка на знаење од правилата на кошаркарската игра, како и тест за физичка подготвеност.
Што се однесува до делегатите и делегатите-контролори ќе биде спроведен тест за познавање на Пропозициите за натпреварување и проверка на знаење од правилата на кошаркарската игра. Семинарот ќе се одржи во период од 30 август до 1 септември 2019 година во Скопје.