Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, кој воедно е и тренер на Сан Антонио, остро реагираше на најновите случаи на масовни егзекуции.
Ситуацијата во која сега живееме … Секој сака барем малку и некако да се тргне од тука. Но, би било многу подобро ако луѓето кои имаат моќ би ги размрдале своите задници и би направиле нешто. Сега тие се на годишен одмор, тие одмараат. Сигурен сум дека кога ќе се вратат, ќе поправат сè: законот за поседување оружје, околината, еднаквоста. Тие ќе поправат сè. Само кога ќе се вратат. Сигурен сум, истакна Попович. Трагични настани се случија во Ел Пасо, Тексас каде 20 лица беа убиени во продавница на 3 август и Дејтон, Охајо каде што девет лица беа убиени следниот ден во популарен бар.