Американскиот селектор Грег Поповиќ зборуваше за изјавата на Саша Ѓорѓевиќ дека доколку Американците се сретнат со Србија на СП 2019 година, токаш ќе треба „Бог да им помогне“.

Седумдесет-годишниот тренер го пофали Ѓорѓевиќ, но рече дека генерално не бил импресиониран од ваквите зборови.

– Да бидам искрен, јас не обрнувам внимание на таквите работи. Премногу долго се занимавам со ова. Луѓето зборуваат, но јас не одговарам. Сепак, ќе кажам дека Саша е неверојатен тренер. Тој беше херој во Европа како играч, тој беше едноставно фантастичен, а Србите имаат традиции што ги обврзуваат да се претставуваат успешно, рече Поповиќ, чија мајка е Србинка, а татко му е Хрват.

Тренерот на Сан Антонио ќе го направи своето деби за САД на голем соби на Светското во Кина подоцна овој месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/08/2019 16:00