Пороен дожд го зафати денеска турскиот град Истанбул, поплавувајќи улици и подруми, а беше нарушен и железничкиот и водниот сообраќај.

Најмалку едно лице е пронајдено починато во поплавен подвозник.

Медиумите објавија и дека од дождот е поплавена и историската Капали Чаршија, комплекс со мали улички и голем број продавници.

Властите го прекинаа превозот со траект преку Босфор, а укинати се и некои трамвајски линии.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2019 10:52