Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, доколку нема договор за брегзит со Европската унија, објави „Сандеј Тајмс“ повикувајќи се на доверлив документ на британската влада за ризиците од брегзит

Во извештајот, во кој имале увид од „Сандеј тајмс“, исто така се наведува дека, во тој случај, Велика Британија ја чека метеж на пристаништата, тврда граница со Ирска и зголемувањето на трошоците за социјална грижа.

Весникот наведува дека предвидувањата составени од кабинетот на премиерот се однесуваат на најверојатните последици од брегзит без договор, а не за најлошото сценарио.

За 85 проценти од камионите што користат премини кај главниот канал се вели дека се „неподготвени“ за француските цариници, што значи дека прекините на пристаништата потенцијално би можеле да траат до три месеци пред да се подобри протокот на прометот.

Документ составен од кабинетот со кодно име „Операција Јелоухамер“ дава редок преглед на скриените планови на британската влада за да се избегне катастрофален колапс во инфраструктурата на земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2019 12:29