Министерот за финансии на Аргентина, Николас Доховнe, поднесе оставка и испрати писмо до претседателот Маурисиу Макри, во кое се вели дека смета оти на владата и е потребна „голема обнова“ во економскиот тим во услови на економска криза во земјата.

Во писмото министерот додаде дека дал се од себе, помогнал во спречување значителен дефицит и намалување на јавната потрошувачка, но исто така призна дека „се направени грешки, без сомнение“.

Наместо Духовне, претседателот Макри го назначи Хернан Лакунза, сегашен министер за економија во провинцијата Буенос Аирес, изјави владин извор.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/08/2019 12:32