Едно француско семејство од Ен, поднесе тужба за „загрозување на животот на другите“, што е прва жалба во контекст на оваа афреа на раѓање на деца со малформации, според адвокатот на семејството, јавува дописникот на МИА.

Семејството од Ен поднело тужба против непознат сторител за „загрозување на животот на другите“ во контекст на случајот со децата родени со неформирана рака, објави денес нивниот адвокат. Оваа жалба е прва во аферата според адвокатот Фабиен Рајон и таа е поднесена до јавниот обвинител на Марсеј .

–Оваа жалба е поднесена во име на семејство жртва од Ен со цел отворање кривична истрага, рече адвокатот во изјавата.

Таа интервенира откако комитет на експерти, во јули во овој француски департман ја одби дополнителната истрага за групните случаи на деца родени со неформирана рака, препорачувајќи сепак истрага за случаите во Морбихан.

–Ние сакаме деталните истражувања да ги спроведе независен истражувач и експерт за здравство и животна средина, рече Рајон. За него, неколку засегнати семејства, надвор од департманот Ен, „поставуваат прашања во врска со непристрасноста на истрагите (научни и други) кои се во тек“.

Во октомври, Јавното здравство на Франција соопшти дека не идентификувала причина за сомнителните групни случаи и открила дека нема „вишок на случаи“ во Ен. Но, загриженоста во овие региони ја натера владата да почне ново истражување, спроведено од јавното здравство на Франција и агенцијата за санитарна сигурност АНСЕС.

Дваесетина научници имаат задача од февруари да ги анализираат групните случаи на деца – вкупно 20 – родени во Морбихан, Ен и Лоара-Атлантик со „попречна генеза на горните екстремитети“ (АТМС). Овој комитет во јули препорача спроведување дополнителни истраги само за случаи лоцирани во Морбихан.

Во Ен, научниците повторно констатирале „отсуство на вишок случаи“ на малформации. Во Лоара-Атлантик, тие рекоа дека сакаат да чекаат до „крајот на годината“ за да се заврши пописот на случаи и да се одлучи за можен „вишок“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2019 13:19