Германската економија ќе влезе во рецесија во третиот квартал поради „драстичниот“ пад на индустриското производство поради, кој се должи на тензиите на меѓународните пазари, предупреди Бундесбанк.

– Економијата може повторно лесно да се намали ова лето, се наведува во месечниот извештај на централната банка на Германија. Документот покажува дека е забележан пад од 0,1 процент на бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година.

Финансиската институција посочува дека „според актуелните податоци, се очекува индустриското производство да се намали и во тековниот квартал“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/08/2019 13:58