Американскиот претседател Доналд Трамп и индискиот премиер Наредра Моди синоќа телефонски разговараа за повеќе регионални теми, стратешкото партнерство меѓу двете земји и особено за односите меѓу Индија и Пакистан.

Моди и Трамп разговараа и за засилувањето на економските односи.

Претседателот Трамп во текот на разговорот со Моди повика на намалување на тензиите меѓу Индија и Пакистан и за зачувување на мирот во регионот, соопшти Белата куќа, а пренесоа американските медиуми.

Индија на 5 август донесе одлука за укинување на Членот 370 од индискиот Устав што се однесува на автономниот статус на Џаму и Кашмир, што автоматски доведе до зголемување на тензиите на ова подрачје.

Неколку дена таму има и спорадични престрелки и загинати војници и цивили.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 10:24