Американската вселенска агенција НАСА постави на Гренланд база за својата научна програма ОМГ (Oceans Melting Greenland – Oceani tope Grenland).

Океанографите на НАСА таму не истражуваат само колку високите температури на воздухот влијаат врз топењето на мразот, туку и какво влијание на тоа има се потоплиот океан кој одоздола го топи глечерот.

На 2 август оваа година на Гренланд се стопија 12,5 милијарди тони мраз во еден ден, што влезе во историјата како датум кога е регистрирано досега најголемо губење на ледената покривка, што се случи по големиот бран горештини кои ги зафатија САД и Европа.

– На Гренланд има доволно мраз за да го подигне нивото на морињата за 7,5 метри, што е огромно количество мраз и тоа ќе биде катастрофално за крајбрежните подрачја низ светот, изјави океанографот Џош Вилис, кој ја води програмата ОМГ.

Тој додаде дека поради тоа ќе треба „да се повлекуваме од брегот, доколку се соочиме со толку изгубени метри во следниот век или два“.

Гренланд има влијание на целата планета, бидејќи милијарди тони мраз кои се топат го подигнуваат нивото на морињата во Австралија, Азија, САД, Европа.

– Сите ние сме поврзани со ист океан, истакна Вилис.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 13:45