Претседателот на Европски совет, Доналд Туск денеска изјави дека во писмото што го добил од британскиот премиер Борис Џонсон не се наведени реални алтернативи за бекстоп – решение на прашањата за границата помеѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска по излегувањето на Велика Британија од Европска Унија.

– Бекстоп претставува гаранција дека нема да има тврда граница на ирскиот остров се додека не се најде друго решение, истакна Туск.

Тоа е одговорот на Туск на писмото од Џонсон во кое британскиот премиер бара од ЕУ да се откаже од бекстоп.

– Тие кои се против бекстоп и не предлагаат реалистични алтернативи всушност поддржуваат повторно воспоставување на границите. Дури и доколку не го признаваат тоа, објави Туск на Твитер.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/08/2019 21:05